(Видео) Убиен е познат хрватски политичар
Според неофицијални информации од локалните медиуми, убиен е Зоран Гргиќ, поранешен политичар на ХДЗ и пратеник од почетокот на 2000-тите. Гргиќ бил и член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент и имал голем број локални политчки функции, објави Телеграф.
Осомничениот е маж во 30-тите години кој наводно испукал неколку куршуми во Гргиќ. Пред пукотницата, двајцата мажи го поминале денот заедно во куќата на таткото на Гргиќ.
Полициски и амбулантни возила се наоѓаат пред куќата каде што се случило убиството.
Според хрватските медиуми, осомничениот веќе ѝ е познат на полицијата. Мештаните тврдат дека тој и Гргиќ се дружеле во пикник-зоната Љешкове Воде, а потоа осомничениот го чекал и го убил на патот.
По злосторството, осомничениот избегал, а полицијата го бара. Сообраќајот кон Љешкове Воде и Врховина моментално е блокиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Убиен е познат хрватски политичар
Според неофицијални информации од локалните медиуми, убиен…
Тошковски вели дека има нови траги за…
Факт е дека во Македонија имаме хибриден…
Силјановска Давкова: Наместо да нѐ поддржуваат, соседите…
Она што Обединетите нации се за светот,…
(Видео) АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП ПРОБАЛ ДА СЕ…
Американските медиуми јавуваат дека мажот, кој е…
Трамп ја нарече Русија „тигар од хартија“,…
На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон,…