(Видео) УЖАС! Деликвенти уништија детско игралиште во Капиштец!
Општина Центар и членовите на Советот објавија вознемирувачко видео снимено од околните згради во населбата Капиштец од тинејџери како го демолираат детското игралиште кај катната гаража „Зебра“.
Во една прилика од видеото може да се види како младо момче се обидува да ги сече реквизитите со моторна пила. Ова игралиште е популарно свртилиште преку ден за најмалите и нивните родители.
„Редовно како Совет на Општина Центар одделуваме пари за санација на игралиштата на територија на општината. Дури и во склоп на ПОЦ се формира служба за одржување на урбаната опрема. Од видеото подолу ќе знаете дека не е до нас.Од домашното воспитување е!“, реагира Игор Димески,членот на Советот на општината.
На снимката се гледаат групи поголеми деца, кои ги вандализираат реквизитите во детските игралишта. Фрлаат клупи, седишта од нишалки, газат врз пластичните корпи, 5-6 од нив седат на клацкала, кој дополнително ја оптоваруваат… Глетката не само што не е убава, туку е и застрашувачка.
„Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец“, објави општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) УЖАС! Деликвенти уништија детско игралиште во…
Општина Центар и членовите на Советот објавија…