(Видео) Украина распоредува ракетни фрлачи низ населените места во Харков
Втор ден од почетокот на руската воена операција во Донбас. Руската армија онеспособи 118 објекти од воената структура на украинската инфраструктура и ја презеде контролата врз Чернобил.
Во меѓувреме, официјален Киев објави дека е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус. Гранатирањето продолжува во Донбас. НАТО денеска одржува вонреден самит.
Клучните патишта и автопатишта во Украина функционираат нормално додека сите пристаништа и небото над Украина се затворени, изјави советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак.
„Клучните патишта, главните автопати работат нормално. Се разбира, има гужви во една или друга насока, бидејќи паничното расположение, за жал, постојат. Што се однесува до пристаништата, сите пристаништа се затворени. Кога станува збор за воздушниот сообраќај, небото е затворено. Што се однесува до железницата, повеќето возови сообраќаат според возниот ред“, рече Подољак на брифингот.
Тој додаде дека во земјава има проблем со горивото. Има рестрикции, редици на бензинските пумпи, има дефицит на гориво“, посочи Подољак.
Според него деловните банки се затворени, но државниот банкарски сектор работи.
Подољак додаде дека украинскиот претседател Владимир Зеленски останува во Киев, „бидејќи треба да покаже што значи издржливоста на украинскиот народ“.
Украинската армија распоредува повеќецевни ракетни фрлачи „Град“ во населените места на Харков.
На украинските социјални мрежи се објавени снимки на кои се гледаат повеќецевни ракетни фрлачи во станбени области на градот. Информацијата за Спутник ја потврди жител на Харков.
Линк до видето: https://t.me/sputniksrbija/12389
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…