Објавено на:

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област Курск, цивилите бегаат

t

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа Курск. Никој не очекуваше напад на тој простор, кој очигледно е многу добро организиран, бидејќи украинската војска, предводена од оклопни возила и пешадија, освојува дури во три колони, пренесе хрт.хр.

Според првичните податоци, украинската армија зазела речиси 400 квадратни километри и ги принудила руските војници да побегнат. Очевидци тврдат дека руските војници масовно се предаваат.

Тоа предизвика и паника кај локалните лидери кои веднаш ја повикаа Москва за воена помош и организираа евакуација на речиси сите цивили од тој дел на Русија. Дека ситуацијата е повеќе од критична докажува личната реакција на рускиот претседател Владимир Путин.

„Сегашната ситуација бара многу храброст и концентрација од сите нас, особено од лидерите на регионот Курск, за да се одбраниме од напади, но и да го решиме прашањето за евакуација и грижа за цивилите. Ова е неочекувана ситуација и владата во Москва веднаш ќе почне да помага“, рече Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така ја коментираше акцијата, објави Дојче Веле. Говорејќи во своето секојдневно вечерно обраќање, тој инсистираше на тоа дека Русија мора да ги почувствува последиците од воведувањето војна во неговата земја – иако сè уште без експлицитно упатување на тековниот упад во рускиот регион Курск. „Русија ја донесе војната во нашата земја и треба да почувствува што направи“, рече тој.

„Сега целиот свет гледа колку може да биде успешна украинската армија, како може да изненади со својата сила, како може да постигне вистински резултати. Ова е демонстрација на воена моќ на бојното поле, меѓу две армии, каде нашите војници незапирливо ги гонат окупаторите за да ја заштитат независноста на нашата земја“, рече Зеленски.

Вршителот на должноста гувернер на руската област Курск во средата прогласи вонредна состојба во регионот што граничи со Украина, каде што Русија соопшти дека се бори против украинските борци на руска територија.

Алексеј Смирнов прогласи вонредна состојба еден ден по, како што рече, движењето на украинските војници и тенкови низ рускиот регион, пишува Гласот на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…

Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…

Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…