(ВИДЕО) Украински дрон удри во зграда во Русија
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад на повеќе од половина Украина, а Украина со беспилотни летала ги нападна градовите во јужниот руски регион Саратов. Оштетени се неколку високи станбени згради, а неколку луѓе се повредени, соопштија локалните власти.
Русија објави дека Украина со беспилотни летала погодила неколку згради во Саратов.
Украина допрва треба да даде официјална изјава за тврдењата, но се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога беспилотно летало удри во висококатница во Русија.
Руските власти соопштија дека неколку лица се повредени.
„Системите за противвоздушна одбрана соборија беспилотни летала рано утринава“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Саратов Роман Бусаргин.
Градовите Саратов и Енгелс се наоѓаат покрај реката Волга, на околу 730 километри југоисточно од Москва. Летовите на регионалниот аеродром, кој се наоѓа северно од главниот град, утрово беа привремено ограничени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили за воздушна одбрана пресретнале девет беспилотни летала во регионот на Саратов во текот на ноќта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Украински дрон удри во зграда во…
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен…
Русија ја напаѓа електричната мрежа на Украина…
Русија ја нападна Украина со повеќе од…
„Вагнер“ повеќе не учествува во борбите во…
Руската паравоена група „Вагнер“ денеска соопшти дека…
Зеленски: Мирното решение на војната во Украина…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…
Судски документи: Руските власти заплениле повеќе од…
Руските власти заплениле повеќе од 100 милиони…