(Видео) Украинското МНР го обвини актерот Биковиќ дека поддржува геноцид
Украинското Министерство за надворешни работи реагираше на веста дека српскиот актер Милош Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата „Белиот лотос“ на HBO и ја праша компанијата HBO дали е во ред да соработуваат со „лице кое поддржува геноцид и крши Меѓународен закон.”
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „Белиот лотос“ на HBO“, објави Министерството на социјалната мрежа X.
Објавувањето е придружено со монтирано видео на Биковиќ, во кое неговите филмски улоги и реплики од сценариото се испреплетени со неговите изјави за Русија, како и наградите што ги доби од Москва и Србија.
Прашањето упатено до компанијата HBO, кое беше означено во соопштението на Министерството за Киев, е следното:
„Дали е во ред да се работи со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право“.
Компанијата претходно објави дека во екипата на третата сезона ќе биде и Милош Биковиќ, српски актер кој е познат и во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…