(Видео) Украинци излегоа на протест во Скопје: Сакаме сите да знаат што се случува во Украина
На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа протест за поддршка на Украина од страна на членовите на здружението на Украинците во Македонија, кои маршот ќе го продолжат и пред руската амбасада.
Со украински знамиња и натписи против Путин и Русија, десетици членови на ова здружение во земјава порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува моментално во Украина.
„Сакаме сите да знаат што се случува сега во Украина и што прави Путин таму. Киев е опкружен со војска, ситуацијата е многу лоша, навистина лоша“, изјави еден од демонстрантите на новинарско прашање.
Дел од нив упатуваа и пораки како „стоп за војната“, а некои со солзи во очите раскажуваа што им се случувало на нивни блиски кои моментално се наоѓаат во Украина.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата на протестот ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…