(Видео) Употребена пиротехника во затворен простор во финалето од втората кошаркарска лига: На натпреварот присутен градоначалникот на Гази Баба – Каде е Панче Тошковски?!
Во вчерашното финале од втората лига во кошарка помеѓу Маџари и Ангели употребена се истите пиротехнички средста кои најверојатно го предизивикаа пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, таканаречени прскалки.
Натпреварот како и сите останати официјални натпревари е во организација на Кошаркарската федерација на Република Македонија.
Од пред речиси месец дена Томица Главчев и официјално е нов претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија откако бизнисменот ја доби довербата на сите делегати присутни на денешното Вонредно Собрание на КФСМ.
Досегашниот претседател Перо Антиќ не свика Собрание во предвидениот рок по поднесената иницијатива за негова недоверба беше организирано од клубовите потпишани на иницијативата. Клубовите едногласно му искажаа недоверба на Антиќ, со што заврши неговиот шестгодишен престој на чело на КФСМ.

По трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 лица беа повредени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше донесено ново законско решение со кое се забранува била каква употреба на пиротехника во затворен простор.
Собранието на Македонија со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор.
Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот како резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Со промените во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, кои вчера беа усвоени од парламентарците, употребата на пиротехника во затворено е целосно забранета, а се предвидени ригорозни казни за прекршителите. Физичкото лице кое ќе запали факел или било што друго што спаѓа во пиротехника (вклучувајќи ги и петардите) на лице ќе добие казна од 200 до 250 евра. Драматично поголема казна ќе биде за правното лице, во овој случај спортскиот колектив што се јавува како организатор на настанот, кој се соочува со парична казна помеѓу 5.000 и 10.000 евра. Одговорното лице, пак, или во спортот извршните директори на клубовите ќе мора да платат санкција од 250 до 500 евра.
Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува притвор.
Со измените е предвидено и полицијата да добие зголемени надлежности при постапување и при превенција на нарушувањето на јавниот ред и мир.
Она што е дополнително проблематично е што ваков спортски настан мора да го обезбедува македонската полиција, доколку било тоа така зошто полицијата на Панче Тошковски не спречила употреба на пиротехника во затворено иако токму ВМРО-ДПМНЕ предложи да се донесе ваква забрана.
Дополнително проблематичен за власта е и фактот што на настанот присуствувал и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски пред чии очи била запалена пиротехниката.

МВР мора да одговори кој ја донел пиротехниката, дали имале лиценца, дали истата била важечка и зошто полицијата дозволила да во затворен простор биде внесен пиротехнички материјал спротивно на Закон само два месеци по големата трагедија во дискотеката Пулс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…