(Видео) Урнебесно видео: Никој не признава дека е Балканец
Урнебесно видео-предавање во кое познатиот словенечки филозоф Славој Жижек објаснува како никој не ги знае границите на Балканот ги освојува социјалните мрежи. Жижек вели дека ако ги прашате Словенците тие велат дека Балканот почнува од Хрватска, Хрватите од Србија, Србите од Косово надоле, но вели, ако ги прашате Грците тие ќе речат дека Балканот е над нив, „таа темна точка“, додека тие како Хелени се зачетници на европската цивилизација.
Зарем никој не сака да биде Балканец? Проблемот продолжува ако ги прашате Австријците, кои ќе ви речат дека Балканот почнува од Словенија, додека Германците ќе речат дека тој почнува негде од јужна Австрија аргументирајќи дека самата Австроунгарска империја била „балканизирана“ поради тоа што ги окупирала Словенија, Хрватска и Босна кои влијаеле на нејзината култура.
Потоа, вели Жижек, ако ги прашате Французите, тие велат дека „нечистата цивилизација“ почнува од Германија, која некогаш била фашистичка, додека ако ги прашате Британците, тие ќе ви речат дека цела Европа е како еден голем Балкан, а Брисел е како некогаш Цариград, центарот на корупцијата, непотизмот и византиските игри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…