(Видео) Утринава падна првиот снег во Македонија!
Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот снег, кој го регистрираа камерите на SkiMacedonia.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.
Во изминатите 24 часа до 8 часот наутро најмногу врнежи се измерени во Ѓуриште – 19 литри на квадратен метар, потоа во Крушево и Битола по 17, Штип со 14, Скопје – Петровец и Тетово со по 13 литри, а најмалку во Струмица – 3 литри.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени поројни врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 10 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Утринава падна првиот снег во Македонија!
Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот…
Лишено од слобода едно лице во Кичево,…
„На 01.10.2025 во 13:50 часот во Кичево,…
Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за…
На граѓанската трибината „ Се бориме за…
САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки…
САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки…
Левица поднесе Претставка за групна политичка дискриминација…
*Фејсбук обајава на Претседателот на Левица, Димитар…