(Видео) Учебната година започна и за малиот монструм Коста, мајка му снимена како се враќа на работа меѓу студентите

t

Оваа недела ќе се навршат точно четири месеци од крвавиот напад во кој 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој во меѓувреме наполни 14 години, за само две минути ладнокрвно уби деветмина свои врсници и својот омилен чувар со пиштолот на неговиот татко во белградското училиште „Владислав Рибникар“

Од моментот на апсењето тој се наоѓа во белградската Клиника за невропсихијатрија, на одделот за деца и младинци, каде лекарите секојдневно ја следат неговата состојба, а е и под надзор на криминалистичката полиција.

Првиот ден од новата учебна година за Коста почна во болница. Според локалните медиуми, тој го продолжил своето образование онлајн од неговата болничка соба. Неговата настава се одвива според моделот што се користел во Србија за време на пандемијата на коронавирус. Тој ќе заврши осмо одделение преку специјалното училиште „Д-р Драган Херцог“.

Во меѓувреме, неговиот татко сè уште е во притвор, а неговата мајка го затворила боледувањето и се вратила меѓу студентите. Ова за српска „Република“ го потврдил деканот на Биолошкиот факултет во Белград, каде таа е вработена како доцент. Според информациите на порталот, таа секојдневно оди на своето работно место за да се „занимава со научна работа и да врши други обврски поврзани со работа со студенти“.

Оние кои добро ја познаваат велат дека се променила и дека остарела речиси преку ноќ поради злосторството на нејзиниот син. Од друга страна, семејствата на жртвите ѝ замеруваат затоа што се вратила на нормалниит живото и повторно се активирала и се посветила на работата, пишува порталот, кој објави и видео од неа снимено во Белград.

Летово јавноста беше изненадена кога се дозна дека Миљана се обидела да ја премине границата со нејзината ќерка. Според некои медиуми, заминувањето во странство го најавила во српскиот Центар за социјална работа со образложение дека сакала да одат на одмор во Грција, но по разговорот со полицајците на границата со Македонија, била вратена назад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите пари од сметката на семејството Кецмановиќ…

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот…