(Видео) Филипче: Ги уверувам семејствата на повредените дека нивните најблиски се во сигурни раце – Да не се дозволи политизација, ниту штитење на криминал!

Семејства останаа без најдрагоценото, ова е трагедија која остава трага која веројатно никогаш нема да се избрише. Упатувам најискрено сочувство до семејствата на загинатите, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче додаде дека бил на скопските клиники, ги увери семејствата дека пациентите се одлично згрижени и распределени, од страна на одлични доктори.
– Сакам да ги уверам семејствата дека нивните најблиски се во сигурни раце и дека колегите се борат за секој еден живот, истакна Филипче кој апелираше министерот Таравари да формира мобилни тимови кои ќе бидат на располагање на семејствата на загинатите и повредените.
– Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срозена и ако сакаме да ја вратиме таа доверба мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага. Трагедијата е преголема да се дозволи сенка на сомнеж, ако постои намала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар врз целото општество. Апелирам до Обвинителството редовно да се известува за да се спречат шпекулации.
Потребно ни е единство, ова не е време за политички пресметки, да покажеме човечност, а јас ви ветувам дека нема да дозволиме политизирање на овој процес, како што нема да дозволиме некој да биде поштеден, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…
(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…
Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…
(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…
Венко Филипче министерот за здравство во заминување…
Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв…
Димитар Ковачевски треба да се извини за…