(Видео) Филипче: Мицкоски сака судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту независно судство

Свесни сме дека судството со години наназад предизвикува незадоволство поради спори постапки и сомнеж за големо политичко влијание. Сакам да кажам две работи – првата е дека немам намера да стојам во одбрана на одредени личности и второ, ниту една влада во изминатите три децении не направила доволно за да се случат вистински реформи во правосудството, што граѓаните го заслужуваат, сакаат да го видат и поради тоа има огромен гнев, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.
Сепак, тој рече дека е недозволиво и недемократски тој гнев да се користи за судството да се присвои, како што се обидува да направи ВМРО-ДПМНЕ.
-Се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да заштити некои свои неправилности и криминали, кои секој ден ги откриваме – рече Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака и признание дека Мицкоски сака судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту независно судство.
-На некој начин таа изјава е оксиморон, односно со партиски протести ќе се борат против, наводно, партизирано судство. Нема поголем доказ од тоа дека крајната цел е партизација – заклучи Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…
(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…
Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…
(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…
Венко Филипче министерот за здравство во заминување…
Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв…
Димитар Ковачевски треба да се извини за…