(Видео) Францускиот предлог е лош, ама подобар може и да не добиеме
Поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи, смета дека првиот проблем настанал со Преспанскиот договор и „поради дирeктна вклученост на западните дипломати, тој процес се држел во координати и се давал привид на олеснување, но со конкретна цел – да се влезе во НАТО“.
„Тоа се држеше во едно корито кое беше определено во стартна точка од времето на Груевски. Таа контрола на процесот од страна на американската и европската дипломатија обезбеди успешен епилог, за кој допрва ќе видиме дали ќе има последици. Нешто не е во ред со тој избрзан премин од длабока 50-годишна недоверба, во едно братство пренесено преку односот на Борисов, Заев и Димитров. Бев убеден дека ова води кон поголема криза во односите и така се покажа“, рече Зеколи во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24..
Тој вели дека нема место за оваа „депресивна состојба на катаклизма што ја имаме сега“, иако францускиот предлог го смета за лош.
„Со тоа ќе се согласат сите. Проблем за нас е што тој договор е дериват на Договорот од 2017. Да бидеме внимателни околу тоа дали е толку лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо. Пред три години, прашањето за идентитетските спорови беше апсурд, а денес е дел од мејнстримот во Европа, наметнат од Русија кон Украина. Во таа понуда, ја има дефиницијата дека сето наведено не подразбира дека Бугарите го признаваат јазикот и кај нас тоа е интерпретирано како негација“, вели Зеколи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…