(Видео) Хаос во Австија: Едно лице загина во силно невреме
Австрија синоќа ја зафати силно невреме, а едно лице загина.
Најлошо е во Корушка, особено во областа Вилах, пренесува „Кронен цајтунг“.
Во тој реон во спасувањето на мештаните учествувале 30 противпожарни единици, а планинската спасувачка служба со кучиња трагачи трага по две исчезнати лица. Починало повозрасно лице (82). Локалните власти соопштија дека повеќето луѓе се спасени. Се молат луѓето да не ги напуштаат куќите и по можност да останат на горните катови. „Опасноста од лизгање на земјиштето е преголема“, наведуваат тие.
„Три села се целосно отсечени од светот“, изјави Мелани Рајтер, портпаролка на организацијата за Корушка, регион на границата со Италија и Словенија кој е погоден од лошите временски услови.
– За неколку часа, падна количината на врнежи за цел јуни, изјави Герхард Хохенвартер од австрискиот институт за метеорологија и геодинамика (ЗАМГ).
Австрија првпат доживеа екстремен топлотен бран оваа недела, проследен со серија грмотевици. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на бројот на екстремни временски услови во Европа е директна последица на глобалното затоплување, пишува агенцијата Франс прес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…
(0:1) Австрија си даде автогол, Франција ги…
Репрезентацијата на Франција потешко од очекуваното ја оправда фаворитската…
(Видео) Невреме во Австрија: Се излеа река,…
Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со…
(Видео) Поплави во Германија, расте водостојот на…
Откако поплавите погодија делови од Германија, поплавите…
Политико: Австрија го поддржува предлогот да се…
Австриските власти го поддржаа предлогот на Белгија…