Објавено на:

(Видео) Хаос во Германија: Пукна брана, затворот евакуиран, жителите се спасуваат со хеликоптери

t

Обилните врнежи во Германија денеска предизвикаа поплави во Баварија, а продолжениот дожд доведе до пукање на брана и насип во Аугсбург.

Селата во и околу Меммингем се под вода, а евакуиран е и затворот во тој град. Околу 150 затвореници се распоредени меѓу затворите во Ландсберг, Кемптен и Аугсбург. Тие беа евакуирани поради опасност од поплави во затворот и прекин на струја.

Неколку стотици припадници на итната помош, пожарникари и волонтери се на терен, пренесува БИЛД.

Обилните дождови кои зафатија погоди големи делови од јужна Германија почнувајќи од четвртокот, продолжија во петокот и саботата, што предизвика прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.

Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.

Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.

Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.

Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, беа изнесени со хеликоптер од своите домови откако реката Шмутер се излеа.

Мештаните инаку не можеа да ги напуштат своите домови, изјави портпаролката на окружните власти.

Според полицијата, службите за итни случаи и чамците ќе ги преземат луѓето во поплавените домови.

Германската метеоролошка служба предвиде дополнителни грмотевици и до 80 литри дожд на метар квадратен во сабота во јужните делови на Германија. Невремето се очекува да продолжи и во текот на утрешниот ден, односно до крајот на неделава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…

Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

11 лица загинаа откако мост во Кина…

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…