(Видео) Хаос во Киев: Грмеа експлозии, ракета падна во близина на канцеларијата на Зеленски!
Експлозии одекнаа во центарот на Киев, една од ракетите падна во близина на канцеларијата на претседателот на Украина, објави на Твитер Антон Герашченко, советник на шефот на Министерството за внатрешни работи на Украина.
„Една од ракетите во Киев паднала во близина на споменикот на Хрушевски на улицата Володимирска“, се вели во неговата објава.
На оваа улица се наоѓа канцеларијата на Службата за безбедност на Украина, а во близина се наоѓа и канцеларијата на претседателот на државата.
Моментот е снинмен бидејќи ракетата падна за време на пренос во живо на Би-Би-Си.
Дека експлозии грмеа во Киев, известува и градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.
„Во Киев се слушнаа четири експлозии. Тие известуваат и за работата на противвоздушната одбрана во регионот на Киев. По експлозиите, во градот е забележан чад“, пишува агенцијата УНИАН во својот канал на Телеграм.
„Жителите на главниот град зборуваат за три силни експлозии. Тие се слушнале и во други области на Киев“, пишува весникот Strana.ua.
Според Кличко, експлозиите биле во областа Шевченко во центарот на градот. Тој истакна дека сите специјални служби отишле на местото на итната помош, вети дека подоцна ќе даде детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Русија го бомбардираше Киев како одмазда за…
Русија активираше интензивен ракетен напад и напад…
Путин го повика Киев на директни преговори…
Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Украина…
Кос: Ако треба да чекаме со Украина…
Во некои аспекти, регионот беше подобар пред…
12 лица загинаа во руски напад на…
Русија денеска изврши голем напад со дрон…