Објавено на:

(Видео) Хаос во Бугарија: Русофили и приврзаници на Путин го исвиркаа бугарскиот премиер Петков, беше фрлено и знамето на ЕУ

t

Со извиците „Оставка“ и „Предавници“ и исвиркувања беа пречекани претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев и премиерот Кирил Петков, кои дојдоа на врвот Шипка да им одадат почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, во време на Руско-турската ослободителна војна 1877-1878 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Народното собрание Никола Минчев изјави дека Бугарија денеска е исправена пред нови предизвици. Во моментот кога почна да кажува дека денешниот свет е поинаков од вчерашниот, и дека на 500 километри од Бугарија има воен конфликт во Украина, насобраната толпа почна да го исвиркува.

И покрај комплицираната ситуација што ја создадоа приврзаниците на про-руската партија „Преродба“, бугарскиот премиер им се обрати на присутните дека Бугарија не ја добила својата слобода бесплатно, туку се борела за неа. Тој потсети дека за ослободувањето и за тоа земјата да биде независна, своите животи не ги дале само многу руски војници, туку и Украинци, Финци, Романци и Белоруси.

Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!, рече Петков, кој беше погоден од снежна топка. Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив.

БНР јавува дека пред делегациите да пристигнат кај споменикот еден од присутните граѓани го фрлил на земја знамето на Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…