(Видео) Хаос во Јужна Кореја: Полицијата не успеа да го уапси претседателот по судирите со неговото лојално обезбедување
Во Јужна Кореја со денови трае политичката криза поради неуспешниот обид за апсење на привремено суспендираниот претседател Јун Сук Јеол. Откако судот во Сеул издаде налог за негово апсење на 31 декември 2024 година, под обвинение за бунт и злоупотреба на власта, истражителите наидоа на сериозен отпор при обидот да ја извршат судската наредба.
Имено припадниците на полицијата пристигнале во официјалната претседателска резиденција со намера да го уапсат претседателот. Меѓутоа, неговото обезбедување, наведувајќи бројни причини и имунитетот на претседателот, го спречило нивното влегување.
Обезбедувањето на претседателот, припадниците на 55-от гардиски корпус, ја блокираа палатата и не дозволија да влезат полицајците и обвинителите кои пристигнаа.
Повеќечасовната конфронтација не го донесе посакуваниот резултат, наведуваат светските агенции. Истражителите беа принудени да се повлечат, признавајќи дека под сегашните околности наредбата не може да се спроведе.
За потсетување, јужнокорејските истражители во петокот неуспешно се обидоа да го уапсат претседателот Јун Сук Јеол во неговата резиденција во Сеул поради неуспешниот обид да се воведе вонредна состојба на 3 декември.
❗️🇰🇷 – Yoon Seok Yeol's lawyer has threatened legal action for attempting to arrest the South Korean president. According to Yonhap, the defense considers the arrest warrant “illegal and invalid.”
About 2.7 thousand police officers were sent to the residence to maintain order.… pic.twitter.com/cBb654ua5r
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 3, 2025
Речиси шест часа, обвинителите и агентите на Антикорупциската канцеларија меѓу високите функционери (ЦИО), која го истражува „бунтот“ против Јун, останаа во претседателската резиденција во елитната населба Ханам.
На крајот, тие ја напуштиле резиденцијата околу 13:30 часот по локално време, при што не успеале да го уапсат.
„Што се однесува до денешното извршување на налогот за апсење, одлучено е дека тоа е физички невозможно поради постојаната блокада“, се вели во официјалното соопштение на ЦИО.
„Загриженоста за безбедноста на персоналот на самото место доведе до одлука да се прекине извршувањето на налогот за апсење“, се додава во соопштението.
Офицер на Генералштабот од Сеул изјави дека тимот на ЦИО бил „во конфликт“ со војници кои биле под команда на претседателската служба за безбедност. Претседателската служба за безбедност објави дека „преговараат“ со ЦИО, но не се знае дали ќе има договор.
Демонстрации и судири
Во меѓувреме стотици поддржувачи на Јун, вклучително и познати десничарски јутјубери и христијански проповедници, кампуваа во близина на претседателската резиденција во текот на ноќта помеѓу четвртокот и петокот, некои од нив одржуваа ноќни молитвени сесии.
Photos via South Korean media outlets show the size and scale of the police deployment outside of the official residence as teams with the Corruption Investigation Office have now entered the residence to serve the arrest warrant against the impeached president Yoon Seok-yeol. pic.twitter.com/hPfyKeeFj6
— Alex Kennedy (@therealmindman) January 3, 2025
Околу 2.700 полицајци беа распоредени во областа по судирите меѓу приврзаниците и противниците на сменетиот претседател во четвртокот вечерта.
Вонредна состојба која ја шокираше нацијата
За потсетување, Јун Сук Јеол се најде во центарот на скандал по обидот да се воведе воена состојба на 3 декември 2024 година. Тој ја обвини опозицијата за парализа на власта и обиди за дестабилизација, за што, според него, се потребни ригорозни мерки.
Сепак, неговите постапки предизвикаа масовни протести и критики од парламентот, кој гласаше за негово отповикување на 14 декември. Претседателот беше принуден да ја повлече таа одлука неколку часа подоцна, кога пратениците успеаја да влезат во парламентот и да гласаат за предлогот за укинување на вонредната состојба, додека нивните помошници ја блокираа вратата со мебел, а илјадници „продемократски“ демонстранти се собраа пред парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Јужна Кореја: Полицијата не…
Во Јужна Кореја со денови трае политичката…
Патниците во возилото што падна во Вардар…
Патниците во возилото што вчера попладне излета…
Земјотрес почувствуван во Македонија, еве каде е…
Утрово земјотрес беше почувствуван во Дојран, Валандово,…
Земјотрес во соседството, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ: Воздушна опасност низ…
Во Киев е прогласена воздушна тревога и…