(Видео) Хорор во Мисисипи: Бајден прогласи вонредна состојба по разорното торнадо кое ја погоди државата
По разорното торнадо што го погоди југот на САД, американскиот претседател Бајден рано утринава прогласи вонредна состојба во државата Мисисипи, пренесуваат тамошните медиуми.
Со оваа одлука, најтешко погодените окрузи Керол, Хемфрис, Монро и Шарки во сиромашната делта на Мисисипи беа ставени на располагање од федералниот буџет, пренесува АП.
Најмалку 26 лица загинаа, а десетици се повредени во опасното невреме кое пропратено со торнадо ја зафати државата.
Екипите за пребарување и спасување денеска продолжија да копаат низ урнатините во потрага по преживеани, а стотици граѓани се раселени.

Администраторот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби, Дин Крисвел денеска треба да ги обиколи погодените области и да ја процени штетата.
Во меѓувреме, Националната метеоролошка служба (NMS) предупреди дека се уште постои ризик од посилни временски услови денеска со силни ветрови, град и можно торнадо во источна Луизијана, јужен и централен Мисисипи и јужна и централна Алабама.
Врз основа на првичните проценки, торнадото е класифицирано како ЕФ-4, што значи дека било придружено со ветрови од 265 до 320 километри на час, соопшти НМС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…