(Видео) „Храбро за Македонија“ ги поднесе пратеничките листи во ДИК: Граѓаните ќе имаат вистински репрезент во Собранието!
На листата за кандидати за пратеници на коалицијата „Храбро за Македонија“ има угледни доктори, доктори на науки, хирурзи и луѓе од сите сфери на општеството кои ќе бидат вистински репрезенти на граѓаните, истакна денеска на прес-конференција лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски.
– „Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја поднесува оваа листа во која учествуваат Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Ние сега имавме Централен одбор на којшто без било каква забелешка, едногласно беше усвоена оваа листа и во исто време сакаме да кажеме дека ја предаваме оваа листа во којашто имаме и доктори на науки и угледни доктори, имаме хирурзи, луѓе од различни области кои можат да бидат вистински репрезенти на граѓаните од нивните средини.
Она за што овие шест листи ќе се залагаат за реформа на образованието, реформа на здравството и реформа на јавната администрација.“ – истакна Јакимовски.
Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, истакна дека оваа коалиција ќе биде сериозен катализатор на процесите во Македонија.
– „Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, со кандидатските листи кои денеска ги поднесуваме и со програмската платформа со којашто ќе се појавиме на изборите, очекуваме да биде сериозен катализатор на процесите на политичката сцена во Македонија. Очекуваме дека третиот, нов пат, ќе изненади овојпат, очекуваме и дека ќе изненадиме со нашите цели во програмската платформа, ќе таргетираме извонредни критични точки во општестото, во политичкиот систем и се надеваме дека ќе го покренеме гласачкото тело и овие моќни 53% неопределени конечно ќе мора да сфатат дека со заокружување на гласачкото ливче ја креираат својата судбина, судбината на своите семејства, на своите деца и своето потомство и се надеваме дека ќе имаме сериозен одзив на овие избори.“ – истакна Ристовски.
Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски, рече дека коалицијата „Храбро за Македонија“ го поддржува Законот за извршители и дека е крајно време да се стави крај на жртвите на извршителите.
– „Јас сум пресреќен што овие кандидати ќе го поддржуваат Законот за извршување и ќе вложат максимален труд, доколку нормално вие ги изгласате, а би требало да ги изгласате бидејќи се засегнати граѓаните. На оваа листа се чесни луѓе и оваа коалиција ја поддржува таа иницијатива. Затоа сме денеска сите тука заедно, да поддржиме, да го подобриме животот на граѓаните и да извршителите ги пратиме кадешто им е местото, односно да не бидат тука, туку да се вратат сите извршители во судот и да почне да се спроведува Законот. Со овој стил на работење, извршителите го упропастија народот, имаме 500.000 жртви, починати од стрес поради тие дејствија на извршителите. Затоа сме денес тука, бидејќи оваа коалиција ја поддржува нашата ангажираност и нашите активности во делот на извршувањето во Република Македонија.“ – истакна Ибраимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…