(Видео) Цела Италија му се смее на Месина: Прослави победа, па изгуби
Олимпија Милано доживеа уште еден шокантен пораз во Евролигата откако испушти +13 во дуелот со Алба во Берлин, по продолжение.
Еден од најинтересните моменти се случи пред крајот на основниот дел. Алба го имаше последниот напад, Спањоло ја презеде одговорноста да решава, но не беше прецизен и остана 94-94.
Еторе Месина изгледа не знаеше точно што се случува, односно мислеше дека неговиот тим има водство и дека по тој промашен шут е победник. Поради тоа тргна да се радува и веројатно подоцна сфати дека мора да игра дополнителни пет минути. Да биде иронијата поголема, Олимпија Милано загуби во продолжението. Цела Италија денеска му фаќа сеир на искусниот стручњак кого многумина го обвинуваат дека ја загубил својата магија и дека е виновен за големиот број загубени натпревари по висока предност на неговиот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник од затвор се јавувал кај угостител…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија…
Митко Јанчев: Од 1 јануари започнува со…
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните…
Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен…
Подводниот кабел за напојување што ги поврзува…
Шефот на Мосад предложи директен напад врз…
Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Директорот…
Кривична пријава за царински службеник и лице…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33)…