(Видео) Цените на храната допрва ќе растат: Владата го полни буџетот за популистички мерки и за да може да се спреми за следни избори
Екипата на Инфомакс вечерва беше на терен во Скопје каде покрај состојбата на цените на горивата се зборуваше и на тема економија, колку е Македонија кредитоспособна, дали не чека уште поголема инфлација и слично.
“Јас мислам дека можеше да се направи повеќе од страна на државата. Се споменува овој одличен предлог на опозицијата за намалување на давачките за акциза и ДДВ на горивата, но морам да кажам дека тоа намалување од некои 40тина денари би било моментално решение но не на долг рок, затоа што цените на горивата продлжуваат да растат, ние се уште го немаме достигнато плафонот на цените.
Граѓаните мора да разберат дека горивото односно енергенсите се калориите на економијата, како ние што треба да јадеме храна за да функционираме на економијата и се потребни енергенси. Ние имаме пад на економијата и зголемување на цените, тоа е стагфлација.” – кажа Милош
Александар Митовски објасни дека цените на прехранбените продукти дополнително ќе растат.
Цената на прехрамбените продукти допрва ќе растат, и тракторот треба да работи на дизел, кога него му е поскапо да работи и продуктот и транспортот се поскапи. Тоа ќе допринесе до зголемување на сите останати цени односно инфлација. Во исто време имаме вештачко зголемување на минималната плата и најавено е зголемувањ ена пензии, што мене ми дава за право да мислам дека во суштина ова и одговара на оваа влада за да може да ги користи овие суми до акцизи и ДДВ за да ги прави овие вештачки зголемувања.
Во исто време премиерот Ковачевски вели имаме најниски цени во регионот но имаме и најниска просечна плата. Имаме најниска минимална плата и просечна плата и сега треба да се мериме со регионот. Не може, ние имаме најниска плата и релативно највисока цена на реагенси – објасни Александар.
Сето ова е резултат од претходното работење, ние немаме капитални инветиции. Се зголемува буџетот а нема инвестиции, даваа некои ваучеи за да одат луѓето на одмор но тоа не е капитална инвестиција и ние реално немаме никаков ефект. Не расте економијата. Државата е најголем потрошувач во македонската економија, така се обезвреднуваат парите, ништо не се прави да се зголеми економијата. – констатираше Милош.
Сега не укинуваат акциза и ДДВ тие го полнат буџетот за популистички мерки како вештачко зголеување на минималната пата. Ние плаќаме за владата да може да се спреми за следни избори затоа што рејтингот им паѓа. Државата е неликвидна, некредитоспособна, а мораме да се задолжуваме, ние немаме струја на пример. – завршува Александар Митовски.
Линкот од видеото: https://fb.watch/bCdfyAO93b/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…