(Видео) Црвен крст ќе се вклучи во потрагата по човекот кој скокна во Вардар
ЦУК информира дека огласно последните информации за текот на потрагата по лицето коешто се фрлило во водите на Вардар, во моментот дел од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема, вршат потрага по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот Близнак на Бул. Србија и низводно.
Од дежурниот ситуационен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје, при што е договорено ако лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови (најверојатно два тима) со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито.
Инаку, во вакви случаи е информирана и е во тек со настанот и Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје што се вклучува за асистенција при вакви случаи ако се побара помош и од неа, односно ако биде анимирана како потребна на терен од страна на веќе ангажираните тимови за потрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем помор на риба во Вардар кај…
Голем помор на риба и останатиот жив…
Човечко тело извлечено од вода на вливот…
ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…
(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…
Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…
Во Вардар во Велес најдено тело на…
Во реката Вардар во близина на место…
Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…
Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…