(Видео) Чесните кадри на Мицкоски: Градоначалникот на Карбинци набавил старо возило за 25 илјади евра

t

Ново – старо возило за потребите на администрацијата набави Општина Крабинци кон крајот на минатата година. Бидејќи претходното возило не било во добра состојба како што тврди градоначалникот Викотр Паунов, општината од сопствениот Буџет издвоила средства за да набави ново. Станува збор за возило марка фолксваген пасат, 2017 година, купено половно, за кое општината потрошила речиси 25 илјади евра.

„Општина Карбинци во овој момент поседува едно возило, возило кое што е речиси неисправно за користење на општинската администрација. Заради таа причина Општина Карбинци набави половно возило кое е согласно потребите на општината за да се користи од општинската администрација. Возилото е околу 24 илјади евра и ќе се задоволат потребите на админстрацијата за службени потреби. Овие средства се обезбедени од страна на Буџетот на Општина Карбинци и се исплатени веднаш по набавката на возилото“ – вели Паунов.

Согласно електронскиот систем за јавни набавки, општината возилото го набавила кон средината на месец ноември минатата година, и е платено од Буџетот за 2023 година. Со ова возило градоначалникот Паунов вели дека потребите на администрацијата се задоволени, и дека во овој момент нема потреба од набавка на нови возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…

Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…