(Видео) Чудно ќе беше да не се случи ништо… Еве како шефот на обезбедување на Гаши се снимаше со службено оружје во службен автомобил
Обезбедувањето на спикерот Гаши денеска имало сообраќајна несреќа, потврдија од МВР.
На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б. М, сите полициски службеници.
По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
Инфомакс претходно објави видео од шефот на обзбедување на Гаши кој на социјалните мрежи објави снимка од службеното возило и службеното оружје.
Снимката погледнете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обезбедување крвнички претепа четворица Словенци во клуб…
Хрватскиот портал „24 сата“ објави вознемирувачко видео од тепачка…
Вработени како обезбедување вршеле изнуда со мачета…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Федералната служба за безбедност на Русија привела…
Истражувачкиот новинар Христо Грозев објави дека ФСБ…
Филипче се правда: Не барал шофер и…
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе…
3aeв нema да користи aпaнажа, ќе се…
Поранешниот премиер Зоран Заев од вчера има…