(Видео) Шерифoт повика на вонредна состојба поради забележаните дронови во Њу Џерси
Шон Голден, шерифот на округот Монмаут, Њу Џерси, сака федералните служби сериозно да ја разгледаат неодамнешната мистериозна активност со беспилотни летала во неговата држава.
Локалните власти бараат од гувернерот Фил Марфи да прогласи вонредна состојба.
„Продолжуваме да го повикуваме нашиот гувернер да ја притисне федералната влада да стави повеќе … ресурси овде“, рече Голден во четвртокот за „Дан Абрамс во живо“ на NewsNation.
„Единствениот начин на кој ќе го решиме ова е федералната влада да дојде овде и да спроведе целосна истрага за тоа што се овие работ и како се движат овиее работи на небото “, додаде тој.
Белата куќа инсистира на тоа дека беспилотните летала не претставуваат закана. Пентагон, исто така, рече дека во моментов не се чини дека странски непријател стои зад мистериозните беспилотни летала на небото во Њу Џерси.
Сенатот Џеф Ван Дру тврдеше дека беспилотните летала ги лансира ирански „mothership“, но портпаролката на Пентагон Сабрина Синг рече за време на брифингот дека „нема вистина во тоа“.
Со оглед на тоа што истрагата е во тек, Голден го повика гувернерот да прогласи вонредна состојба и да издаде извршна наредба за забрана на ноќна употреба на рекреативни дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…
Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…