(Видео) Шокантна гледка во Градишка, маж се соблече гол, легна на асфалт и…

t

Жителите на Градишка ги шокираше необична глетка кога пијан маж целосно се соблекол, легнал на патот и симулирал пливање.

За овој настан вчера се огласи и полицијата, која соопшти дека во Градишка е уапсено лице со иницијали Н.В.. Тој пијан се соблекол гол и почнал да „плива“ на коловозот, пишува „Српскаинфо“.

За време на тестирањето, нивото на алкохол во крвта му било 1,42 промили.

Во полиција вчера во 17 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Видовданска“ во Градишка, непознато машко лице голо лежи на коловозот.

„Уапсениот, кој се сомничи дека го нарушил јавниот ред и мир и се движел под дејство на алкохол на улица, ќе биде изведен пред Основниот суд Градишка за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението.

На социјалните мрежи брзо се прошири видео од настанот – ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шокантна гледка во Градишка, маж се…

Жителите на Градишка ги шокираше необична глетка…