(Видео) Шокантна снимка се појави на социјалните мрежи: Се тврди дека на неа познат доктор и пријател на премиерот конзумира наркотици!
На социјалните мрежи попладнево се појави видео снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која наводно се гледа како тој конзумира поголемо количество на кокаин.
На видеото Кузмановски говори за квалитетот на „робата“, но и за дилери за кои тврди дека со нив многу добро знае како да се однесува.
-Игор Кузмановски, директор на Неврологија, другар на Мицко. Само чисто бело шмрка, ако е мешано го враќа! Ајде масовно споделете да го направиме познат. Срамота, пишува на објавата на Фејсбук страницата „Кочи Мицко“.
Неколку часа подоцна Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено.
Инаку Кузмановски е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ кој во повеќе наврати има држено лично прес-конференции од име на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шокантна снимка се појави на социјалните…
На социјалните мрежи попладнево се појави видео…
Трамп: Ви благодарам, претседателе Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи…
Добитничка на Нобелова награда за мир: „Ја…
Добитничка на Нобелова награда за мир рече…
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја…
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое…
Николоски: Владата ниже резултати и реформи
На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и…