Објавено на:

(Видео) Шок во Перу: Запленети 58 килограми кокаин со свастика и натписи “Хитлер”

t

Перуанската полиција запленила 58 килограми кокаин, а полицијата била особено изненадена кога открила дека дрогата била спакувана во пакети со нацистички симболи, на кои било испечатено и презимето на нацистичкиот лидер „Хитлер“.

Дрогата била спакувана во 50 пакетчиња со големина на тула, на секоја од нив бил нацистичкиот симбол на свастика. Некои од пакетите биле отворени, а во кокаинот бил втиснат зборот „Ḫitler“.

Кокаинот бил пронајден во брод под либериско знаме во малото пристаниште Паита, во близина на границата со Еквадор. Бродот дошол од Гвајакил, еквадорски пристанишен град познат како отскочна штица за јужноамериканската дрога на пат кон САД и Европа.

Полицијата не соопшти дали некој е уапсен.

Дрогата завиткана во нацистички симболи е новина во трговијата со кокаин, а перуанската полиција соопшти дека претходно пронашла кокаин во пакувања со различни чудни симболи.

Со околу 400 тони годишно, Перу е вториот најголем производител на кокаин во светот, веднаш по Колумбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна покривот на трговски центар во…

Три лица, меѓу кои и едно дете,…

Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…

Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

Поранешниот претседател на Перу е осуден на…

Алехандро Толедо е осуден за примање мито…

Остра изјава на Ердоган: „Нетанјаху не се…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска…