(Видео) Никола Тодоров откри како работат дувлото и бот-фармите на ВМРО-ДПМНЕ
На социјалните мрежи е објавено видео од поранешно гостување на Никола Тодоров во Канал 5 телевизија кадешто отворено зборува за „дувлото“ и креирањето на лажни вести ов ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа се оние ботови, партиски ботови кои имаат задача да ги спроведат оние негативни или деструктивни идеи на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и да шират говор на омраза и да шират невистини.
Што мешаат приватни компании со политика? Тоа е недозволиво и со цел да се изврши притисок или некому да наштетат. Целиот тој систем на линч на социјални мрежи којшто го има изградено ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е многу опасен. Се плашам дека ќе ги заглават тие луѓе, тоа се млади луѓе коишто работат во тој систем.
Тоа функционира во ВМРО-ДПМНЕ и така ВМРО-ДПМНЕ функционира. Даваат насока, расчеречете го Никола Тодоров на социјални мрежи. После има дваесетина луѓе кои седат зад компјитер, имаат по 10-20 лажни профили и почнуваат да се закануваат, а позади стојат лажнипрофили. Ако има 20 луѓе по 15 лажни профили се креира перцепција дека поголем број на луѓе имаат исто мислење на темата. Тоа не е така, ако е тој систем направен да се креира перцепција, да се стекнат политички поени, можам да разберам ама ако се служи со закани и навреди тоа е говор на омраза, тоа е забрането, вели Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…
Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…
Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…
По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…
На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…
Денеска се одржа седница на Комисијата за…
Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…
Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…