(Видео) Што одлучи бугарскиот совет за безбедност посветен на Македонија?
Бугарија го потврди својот став за почеток на преговори за Македонија со Европската Унија, Владата мора да го спроведе овој став. Ова го одлучи советот за безбедност на Бугарија на вчерашнот состанок.
„Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари.“ – изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по состанокот на советот на тема евроинтеграции на Македонија.
„Ние никогаш не сме го негирале и не го негираме правото на граѓаните на Македонија да се определат врз основа на сопствената самосвест и да си ги чуваат јазиците во согласност со уставот. Бугарија ја одржува целосната рамноправност на македонските Бугари со останатите народи во РСМ. Политиката на дискриминација на македонските Бугари, 120.000 луѓе, неодамна ескалира„ – тврди Радев.
„Правата на македонските Бугари се клучна точка во копенхашките критериуми за членство во ЕУ и за кои не може да се преговара“, додаде тој.
„Потребна е сеопфатна и интензивна акција за ресурси за да се врати довербата и да се засили соработката. Од особена важност се проектите за обезбедување транспортна и дигитална инфраструктура со акцент на Коридорот 8. Тоа ќе даде поттик на преговарачкиот процес“ – нагласи Радев.
Членовите на КСНС ги забележаа и досегашните постигнувања. Постои можност за договор во некои области. Решавањето на политичките прашања ќе го забрза напредокот во сите други области.
Советот ги прифати следните предлози:
– При водењето на надворешната политика на земјата, Министерскиот совет да ја запази националната позиција на Бугарија, почитувајќи ги барањата од Договорот во 2017 година, Рамковниот став од 2019 година и декларацијата на 44то Народно собрание на Бугарија, пренеусва БГНЕС.
- Давањето согласност за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, особено во однос на македонските Бугари.
- Извршната власт да продолжи да работи на известување за спроведувањето на Договорот од 2017 година во преговарачкиот процес за членство во Македонија во ЕУ.
- Извршна власт да подготви и обезбеди акционен план со мерки за постигнување опиплив напредок во сите области на билатералните односи.
- Извршната власт да им предложи на партнерите на Македонија формирање на заеднички работни групи во области во согласност со Договорот од 2017 година.
- Извршните органи да преземат мерки за забрзување на изградбата на Коридорот бр.8 заедно со Македонија и Албанија, како единствен проект – автопат, железница, енергетско и дигитално поврзување.
- Националното собрание треба да му предложи на законодавното тело на Македонија воспоставување на структуриран дијалог меѓу групите за пријателство и парламентарните комисии, со што би се зајакнала довербата и би се поддржал севкупниот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…