(Видео) Што содржи Декларацијата за заштита на Гоце Делчев

t

Ова е целата содржина на Декларацијата

1. Констатирајќи го огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на големиот македонски син Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност, ние пратениците на Собранието, со оваа Декларација натамошно го афирмираме наследството, улогата и значењето на оваа, без сомнение централна личност од македонската историја.

2. Имајќи ја во пред вид големината на Делчев како идеолог и борец за остварување на целите на македонското ослободително дело, ги повикуваме електронските медиуми во државата, во рамките на можностите, во текот на 2022 година да интегрираат во програмата пригодни содржини со кои ќе се афирмира овој јубилеј.

3. Констатирајќи го високо моралниот и демократски карактер на ставовите на Делчев, ја повикуваме државната компанија за поштенски услуги, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да издаде поштенска марка со која ќе се одбележи овој важен јубилеј за македонската држава.

4. Антиципирајќи го вонременското значење на силните заложби на Делчев за соработка и за натпревар помеѓу народите, ги повикуваме Институтот за национална историја и Македонската академија на науките и уметностите, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да организираат соодветни настани и да реализираат соодветни проекти со кои ќе се одбележи 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

5. Акцентирајќи го длабоко моралниот карактер на ставовите на Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот, го повикуваме Министерството за образование и наука во текот на 2022 година, во согласност со своите надлежности да преземе активности со кои на одделенските часови во основните училишта ќе се информираат учениците за ликот и делото на оваа личност од македонската историја.

6. Согледувајќи ја потребата од постојано препрочитување на најважните поглавја од животниот пат на Делчев, се задолжува Националната установа Музеј на македонската борба, во рамките на своите надлежности и можности, во текот на 2022 година да спроведе соодветни активности и да реализира соодветни проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на оваа важна историска личност.

7. Декларацијата ќе се достави до Владата, Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметностите и до Националната установа Музеј на македонската борба.
8. Оваа декларација ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

Образложение

Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) е една од централните личности која со својот личен пример, достигнувања и заложби остава трајна и неизбрилшлива трага во македонската историја.
Имајќи го во пред вид споменатото, во контекст на фактот дека во 2022 година се одбележуваат 150 години од раѓањето на овој, без сомнение најголем трибун на македонското револуционерно дело, сметаме дека е особено важно Собранието да донесе декларација со која на еден организиран и достоинствен начин ќе се оддаде почит и натамошно ќе се зацврсти сеќавањето на граѓаните во однос на важноста на делото и на наследството на Делчев.

За таа цел, обзнанувајќи ја нејзината содржина на денот на неговиот роденден, а во духот на демократските вредности кон кои сме силно приврзани, со оваа декларација се предвидува повеќе државни институции, во согласност со своите надлежноси и можности, во текот на 2022 година да преземат активности, односно да реализираат проекти со кои на еден достоинствен начин низ призма на големината и значењето на делото на Делчев, ќе ги афирмираат вонвременските и универзалните вредности на оваа носечка личност во македонската историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија гласаше воздржано за резолуцијата на ОН…

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство…

Раштиман оркестар: Полска не ја поддржа заедничката…

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска соопшти дека…

Народот се самоорганизира: Се потпишуваат декларации за…

Македонскиот православен народ се самоорганизира за да…

Македонија како Швајцарија, засега на хартија: Алијанса…

Алијанса за Албанците која е најновиот партнер…

Страшно: Зејтин без декларација на македонски јазик…

По информацијата дека руски производи се продваат…