(Видео) Шукова за излевањето на цијанид во Крива Река: „Дали некој свесно ја штити Булмак 2016?“

„Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Излевањето на високо отровни материи од рудникот Тораница резултираше со енормно загадување на Крива Река. Според независните анализи кои ги објави општината Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното. Ова е огромна закана за живиот свет, за бунарите, за земјоделските површини, но и аларм итно да се направат анализи и во Пчиња и Вардар“, вели на прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.
„Инспекторатот за животна средина има огроман одговорност во овој случај и денес мора да се бара одговорсност од сите. Наместо да ја утврди вистината, Инспекторатот излезе со неосновано тврдење дека се излеала „само вода“. Доколку не се направеше независната анализа од општината Крива Паланка, заради овие паушални и очиглендо политички мотивирани тврдења на инспекторатот се ризикуваа животи! СДСМ прашува – дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата Булмак 2016? Дали државни органи, под раководство на кадри на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваат во прикривање на еколошки криминал? Дали тоа што Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови е причината за криење на вистината?“, прашува таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шукова за излевањето на цијанид во…
„Се што се продава на пазарите во…
Нов силен земјотрес и денеска го погоди…
Нов земјотрес со јачина од 5,1 степен…
(Видео) Жена се породила на улица во…
Жена се породила вчера на улица во…
Кос: Милорад Додик е сепаратист и нема…
Еврокомесарот за проширување Марта Кос во интервју…
Додик пиша „стасав“, ама не се знае…
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик се…