(Видео) Ѓоковиќ остро и дрско им одговараше на новинарите по поразот од Мусети
Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, неочекувано испадна уште во осминафиналето на мастерс-турнирот во Монте Карло, откако вчера загуби од италијанскиот анонимус Лоренцо Мусети, по што ја имаше една од најчудните прес-конференции во кариерата.
Србинот едвај зборуваше, не сакаше ништо да анализира, а речиси секој одговор на малкуте прашања на новинарите кои ги дозволи вклучуваше и честитка за противникот. Тој неретко беше остар и дрзок, а еден од новинарите го прекина веќе по вториот кажан збор.
„Не, не можам да кажам ништо. Добар сум, му честитам и не ми се зборува. Одам понатаму“, дрско одговори најдобриот светски тенисер.
Претходно, тој успеа делумно да каже што мисли по поразот.
„Чувството по еден ваков меч е ужасно, но му честитам на Мусети, нека му е со среќа. Остана цврст во клучните моменти и тоа е тоа. Јас можам само да му посакам среќа, не ми се зборува многу“, прокоментира Ѓоковиќ.
Тој сега се враќа во родниот Белград, каде што ќе се подготвува за турнирот „Српска опен“, кој следната недела ќе се одржи во Бања Лука (БиХ).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…