(Видео) Ѓоковиќ oди во пpитвop
Новак Ѓоковиќ повторно беше тема за австралискиот правен систем откако повторно му беше укината визата, а потоа неговите адвокати поднесоа жалба. Судијата Ентони Кели го префрли случајот во Сојузниот суд, Ѓоковиќ во петок околу 22 часот треба да даде изјава до имиграциските власти, по што ќе биде приведен, на тајна локација .
Договорено е Ѓоковиќ да сведочи на тајна локација, но потоа да биде приведен, а во два наврати да биде донесен во канцеларијата на неговите адвокати, пред одржувањето на последното рочиште, в сабота во 23 часот по локално време.
Итното судење беше одржано врз основа на жалба по одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок кој во петокот наутро по европско време му ја укина визата на Ѓоковиќ.
Австралија Опен започнува на 17 јануари, а со тоа Новак Ѓоковиќ има време да се најде на турнирот што го освои во девет наврати, што го истакнаа неговите адвокати, барајќи да се забрза жалбената постапка.
Но, тоа не е сигурно бидејќи случајот од Федералниот окружен суд беше префрлен на Федералниот суд, а потоа Австралија опен објави дека Ѓоковиќ треба да биде на терен веќе во понеделник според локално време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…