(Видео) Јакимовски: Голема грешка е што ја дадовме Чебрен под концесија!

t

Голема грешка е што Чебрен е дадена под концесија, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Чебрен треба да биде втора најголема брана во Европа. Чебрен треба да го градиме 10-15 години, тоа е огромна брана, тоа треба да биде хидро-електрана (Чебрен и Тиквеш) треба да ги пеглаат екстремите на целиот балкан.

Ако вие имате испад во Грција, Чебрен во рок од две минути испорачува струја во Грција, Австрија и слично..

Таа струја што ќе ја произведува Чебрен како моќна хидроелектрана таа е многу скапа струја, кога има пикови, испади, на пример навечер, тоа е удар кој го амортизираат хидроелектраните. Ние системот го одржуваме со РЕК Битола, ако има испад тогаш е неверојатно скапа струјата од Чебрен, која има голема моќност од 370 мегавати.

Мојата теза е дека, кога бев јас министер требаше да чини 650 милиони долари, сега ќе чини околу милијарда. Оваа година ти мораш да направиш пат до браната, наредната ќе го правиме опточниот канал, водата од Црна ќе треба да се пренасочи преку посебен канал, потоа инката се гради, па после тоа телото на браната. Ако нема пари се прекинува, пак обезбедуваме и продлжуваме. Ем нашите фирми ќе си имаат референца дека градат хидроцентрала, ем ќе ги ангажираме наредните десет години и градежниот дел сме способни сами да го дадеме, имаме стручен кадар.

И кога ќе завршиме со телото на браната треба да се најави опремата, има повеќе варијанти, да распишеме акционерско душтво, кој сака да вложи, и второ може да земеме кредити за таа работа.

Грците се животнозаинтересирани ние да направиме хидроцентрала, затоа што зимно време ја запираме водата, ја собираме, а ја пуштаме лето кога и на нив најмногу им треба.

Голема шка е што ја издадовме Чебрен под концесија, а физибилити студии и проекти се правени уште во шеесеттите години, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…