(Видео) Јакимовски до странците: Не ни солете памет за уставни измени, кажете им на тие што треба да почнат да си плаќаат струја! 10-годишна загуба е изградба на Чебрен

t

ЕВН годишно има загуба од 100 милиони евра, за десет години тоа е милијарда евра, тоа е сумата потребна да се направи Чебрен, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Ние мораме да се справиме со тие кражби на струја, тие загуби ги плаќаме ние грашаните, а се може да се реши, може да се променат и закони. Нека им ја изгасат струјата на тие што не плаќаат струја, ако сакаме решенија можеме да најдеме.

Јас ќе им кажам на тие од надвор што доаѓаат, не ни солете памет за уставни измени, посолете им памет на тие што не плаќаат струја.

Процесот за продажба на Електростопанство го отпочна ВМРО-ДПМНЕ, се зема консултант, директор беше Ламбе Арнаудов тогаш, министри за економија кои беа? Бесник Фетаи итн… Тоа е проект кој го терал ВМРО, а го продолжил СДСМ. Ние имавме многу големи загуби, ќе тргне Панде Лазаров да исклучува струја ќе се јават факториве “немој во тоа село не гаси”. Се продаде за да се зголеми ефикасноста, да се намалат загубите, инаку нашето електростопанство беше во многу подобра кондиција и од Бугарија и од Србија, од Албанија ни муабет не правиме, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката фирма се уште не објаснила зошто…

Грчката фирма „Архиродон“ до денеска се уште…

„Чебрен“ ќе ја чека новата Влада: Нема…

Деценискиот проект „Чебрен“ ќе ја чека новата…

Мицкоски ги брани Грците за „Чебрен“: требало…

Мицкоски во интервју за порталот „Прес 24“…

Грците нема да влезат во Чебрен: Истече…

Истече рокот 31 декември до кога грчката…

Здружение на инженери: Истечен е рокот за…

Инженерите на Република Македонија се со став…