(Видео) Јакимовски до шпицниот градоначалник: Граѓаните си избраа кој да ја раководи оваа општина – завршува мојата комуникација со Мицкоски и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ
Не може некој да си игра со советот и со граѓаните, мораме да се спротивставиме на опструкциите истакна градоначалникот на ГРОМ, Стевче Јакимовски на денешната прес-конференција пред општина Карпош на која што стави крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Тој му порача на „шпицниот градоначалник“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека карпошани си избра свој градоначалник и не може некој да се меша во работата на општината.
Јакимовски открива дека Мицкоски се заканувал и вршел притисоците врз стопанственици во општина Карпош.
Тој му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека за иживување треба да побара некој помлад од него и со поинаков карактер.
Ова не можам повеќе да го толерирам, истакна Јакимовски.
-Во ВМРО-ДПМНЕ имам многу драги пријатели. Им се извинувам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и имам респект кон тоа што ме поддржале, никому нема влакно да му фали, се што е ветено кон нив ќе биде остварено, моите обврски кон членовите на ВМРО и сите граѓани ќе ги исполнувам, како и секој граѓанин членовите може да ме бараат и контактираат кога сакаат и за што сакаат, вели Јакимовски.
Тој уште еднаш напомена дека неговите односи со Христијан Мицкоски завршуваат, откривајќи дека тоа е причината зошто става крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
-Не можеме веќе да бидеме тајни непријатели со Мицкоски. Преку грбот на граѓаните врши притисок врз еден градоначалник и сака да ја контролира општината иако не е избран, вели Јакимовски.
Стевче Јакимовски потенцираше дека тој и неговата паријата ГРОМ остануваат опозиционери и ќе продолжат да делуваат опозиционо и во интерес на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…