(Видео) Јакимовски за ВМРО-ДПМНЕ: Наместо протести на Данела што не ѝ протестираат на Фон дер Лајен? Ова е кукавичлук!
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека однесувањето на Трајко Славевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ е крајно кукавично и својата немоќ ја покажуваат преку обиди за саботажа на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Јакимовски нагласува дека покажуваат сила на жена, на некој послаб од нив.
– Го гледате ли целиот кукавичлук на ВМРО-ДПМНЕ, што не му направите еден протест на Таче?
Го гледате ли целото ова лудило, тоталн се загубија во хаос, до максимум доаѓа до израз нивната кукавичка политика.
Денес што не искочивте на Фон дер Лајен да ѝ протестирате? – прашува Јакимовски.
Александар Митовски додава дека претседателката на ЕК е дојдена да ја бетонира таа одлука дека ќе има уставни измени, пратениците се веќе најдени, таа денес рече дека очекува дека е обезбедено двотретинско мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…