(Видео) Јакимовски: Клуч за победа на избори за Опозицијата ќе биде договорот со Бугарија – треба јасно да им се каже марш на бугарските барања!

t

Едно од прашањата кои Митовски му ги постави на Јакимовски во Тешки муабети беше и можноста за предвремени парламентарни избори, колкави се шансите да се случат и каков резултат очекува на што Јакимовски одговори:

“Оваа Влада мисли дека големо нешто направиле со минималната плата, а сега ќе видат колку фирми ќе отпуштат работници. Мислам дека ако се договорат за покачување на пензиите и ако ни дадат некој датум за преговори мислам дека СДСМ ќе сака да оди на избори и тоа ќе им биде крах.

Дали ќе им биде крах зависи како Опозицијата ќе го искористи договорот со Бугарија, ако го третира медиумски политика ни риба ни девојка, тогаш СДСМ ќе профитира. Ако го нападнат силно медиумски тогаш Опозицијата ќе победи.

Треба да се види што договор би потпишале. Во случај договорот да биде исполнување на барањата на Буагрија што сме ние тука победници? Треба да им се каже марш, ако Опозицијата застане цврсто на тоа може да зборуваме за идентитет. “- вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ