(Видео) Јакимовски: Мораме да изградиме сигурен систем за младите да ни останат дома

t

Во моментов, најголемиот проблем на граѓаните на Република Македонија е иселување на младите. Македонија останува без својата младост, остануваме земја на пензионери и како што доликува на секој раководител, на секој функционер, а пред сѐ на претседател на држава, морам да напоменам дека мора да поведеме сметка за младите.

Пред сѐ мораме да почнеме од темелот, затоа што младите бараат образование во коешто ќе се добива знаење, а не образование во кое ќе се добиваат само петки. Младите бараат еднаков систем и еднаква можност за учество на пазарот на трудот, да не му треба никој кога ќе треба да се вработува, туку да се вработува како резултат на своите квалификации и на своето знаење.

Младите бараат реформа во администрацијата. Исклучително им смета тоа што некои седат дома, а земаат плата. Повеќе не може никој да седи дома, а да зема плата. Повеќе не може никој со несоодветно образование да зема место на некој што се образовал токму за тоа работно место.

Најголем дел од младите се иселуваат не од економски причини, туку најповеќе затоа што не функционира системот. Во тој систем, пред сѐ, влегува нашиот правен систем. Секој млад човек сака да има правна сигурност, сака да биде сигурен дека ако згреши ќе биде праведно казнет, но во исто време дека ако не направил грешка дека системот е тој којшто него ќе го заштити и дека ќе му овозможи еднакви услови за живот, за работа, за натпревар во сите сфери на општествениот живот.

Понатаму, младите бараат развиен приватен сектор, приватен сектор којшто функционерите ќе го поттикнуваат, а нема да го гушат, којшто ќе му даваат поддршка од секаков аспект, а не приватен сектор на којшто ќе му бараат рекет, ќе го октроираат и не приватен сектор којшто ќе биде врзан само државата, за јавните претпријатија по пат на тендер, туку чист приватен сектор во којшто ќе можат да си ги кажат своите знаења, својата способност, својата умешност за организација, за работа, за продажба, за воведување на нови производи, отворање на нови пазари и така натаму и сето тоа го бараат младите. Да има развиен приватен сектор кадешто ќе има пристојна плата, во којшто тие ќе можат нормално да живеат. Бараат држава во која нема да треба да се додворуваат на ниту еден политичар, немаат потреба да лепат ниту една плаката, немаат потреба да веат ниту едно партиско знаме, туку само нивното знаење, нивното образование, нивната младост и подготвеност да се вклучат во пазарот на труд ќе биде услов за тоа дали тие ќе бидат успешни или нема да бидат успешни.

За жал, тоа им го овозможува Западот. Во западните земји иако се далеку од својата татковина тие чувствуваат сигурност и од економска и од правна смисла, што не е тешко да се оствари во Република Македонија, само ако има желба.

Јас како претседател на Република Македонија имам желба токму тоа да го сториме, да воспоставиме вистински систем којшто ќе овозможува сигурност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на возраст, без разлика на вероисповед и нација, без разлика на политичка и партиска определба и во исто време мислам дека се повеќе треба да го намалуваме бројот на кадрите кои се политички зависни во Република Македонија.

#ХраброЗаМакедонија

#ЗаокружиБројТРИ

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…