(Видео) Јакимовски: Николоски ја злоупотребува службената положба и претерува со самоволието – Дома кај жена му да се однесува така

t

Морам да кажам дека министерот за транспорт навистина ме разочарува, вели во денешната изјава за медиумите градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

– Јас побарав средба со него, тој ече ќе се сретнеме но очигледно за овие четири месеци тој се промовира како министер кој искажал најмногу глупости за единица време. Го гледате дека човекот е максимално полн со себе, цело време зборува во прво лице еднина, тој нема да дозволи изгрдба на тунел, на коридот. Замислете НАТО бара да се направи коридорот кон Крива Паланка, тој се става во прво лице, тој за Карпош кажува немало да потпише. Тој може така да кажува дома кај жена му, вели Јакимовски кој додава дека Николоски прави класична злоупотреба на службената положба.

– Тој нема право околку нешто е законски да не го потпише, впрочем тоа си работат службите нема тој што да се согласи. Ако толку многу е за урбанизмот, зошто прво што направија е измена на Законот за усбанистичко планирање?

За да може да прават што сакаат. Мене ми е жал што господинот министер не научи дека урбанистичките планови не се ниту на мене ниту на него, тие се на граѓаните. Тие без план не може да градат, не можат да си откупат земјиште, не може да се градат улици, инфраструктура, сите овие згради сакаат да доградат тераси и слично и не чекаат мене и него да ги донесеме тие планови за да си ги остварат своите права.

Јас мислам дека човекот претерува со самоволието и би било добро да научли нешто, во спротивно теле си дошол во министерството, вол ќе си замине, вели Јакимовски кој смета дека Николоски станува многу арогантен и се загубил во фотелјата.

– Да видите луѓето на Теодосиј Гологанов во каков супстандард живеат. Пред два дена Аеродром повторно 12-катници усвоија, во Ѓорче 83 нови згради, во Аеродром пред да замине Муцунски 14-катници.

Тој се окомил на Карпош. Граѓаните знаат дека многу лажат и вотрпат нема така да ги превеслаат карпошани, ниту неговото мислење ниту кривичните пријави се пресудни дали ќе се победи на избори. Пресудно е колку имаш во главата, колку си способен и колку си сработил, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…

(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…

Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…