(Видео) Јакимовски открива скандал: Запалената локомотива не смеела да вози, се менуваат извештаите за некој да не оди во затвор?!

t

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, открива скандал поврзан со изгорената локомотива на ЈП Железници и транспорт.

-Таа локомотива не смеела да се вози. Таа локомотива имала технички недостатоци и сега ги штелуваат извештаите затоа што некој треба да оди во затвор. Во време на Тито истата вечер некој ќе беше притворен. Та локомотива кошта 3 милиони евра, а ЈП Железници е многу богато па може да пали железници.

15 години си играме со тоа јавно претпријатие, се користи како крава молзница. Тоа е сериозна тема, ќе излезе ли некој во оваа држава кое ЈП во оваа држава работи со добивка и ќе се случи ли да им се каже на директорите дека имаат година дека да го врати во позитива претпријатието.

Среќа бил приземен машиновозачот па ги откачил локомотивите.

Слушнавте дека има истрага дека се отвори? Државен имот е тоа. Кој дозволил да оди локомотива која е оштетена? Наместо истата вечер да се влезе во претпријатието да се соберат документи, мора да има одговорност за ова.

Што е поголема штета да ми каже некој, “тоа на М” што го купи Јанкуловска или оваа запалена локомотива, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија спроведе оценување на државните компании, Железница…

Работата на 4 големи државни компании во…

Се запалила локомотива на патнички воз меѓу…

Моторот на патнички воз на линијата Скопје-Гевгелија…

Полицијата ги бркала демонстраните кои блокираат железници…

Протест против експлоатацијата на бор и литиум…

Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…

Иако на крајот од минатата година, преку…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…