(Видео) Јакимовски повика на обединување и најави кривични: Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

t

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски по повод ставањето на црната листа на САД.

– Дали сум изненаден, да, апсолутно сум изненаден. Како можам да не бидам изненаден кога на 4 јули бев поканет во американската амбасада на одбележување на денот на американската дрѓавност и ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана за да не бидат присутни криминалци и лица кои тие не сакаат да присуствуваат на денот на американската државност.

Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилие освен како директно мешање во изборниот процес на Република Македонија, кој е кривично дело и е мешање во внатрешните работи на државата.

Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против непознат сторител, за да се утврди кој од македонските гавази ја направи оваа нечесна работа откако ги видоа вистинските анкети и кога видоа дека нивните фаворити бегаат само за два-три проценти пред Стевчо Јакимовски. Станува јасно дека ќе бидам пласиран во вториот круг, повеќе од очигледон е дека е ова кукавички чин на оние кои го губат тлото во РМ, а помош бараат од Американците затоа што немаат поддршка од граѓаните на РМ.

Ова е една нечесна работа од нечесни луѓе затоа што јас сум единствениот кандидат кој вели дека членството во НАТО мора да го искоритстиме за решавање на наши проблеми бидејќи го плативме скапо, јас сум единствен политичар во РМ кој вели јас сум за ЕУ но до кога? Треба да си бараме пат за развој, јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос и граѓаните на РМ треба да одлучат дали Сорос ќе им бира претседател, зошто ја правиме оваа фарса со избори ако тие од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател?

Еве шанса да се обединиме како Македонци и да им покажеме дека не можат да се поигруваат со нас како што прават во континуитет.

Ни случајно нема да се повлечам од изборната кампања, ова е само потврда дека мојата политика е исправна, дека моите ставови се исправни и се на линија на одбрана на македонските национални интереси.

Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер Катица Јанева која го истражуваше Јакимовски и ништо не најде. Мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната лиса што е апсурд. Јавно кажувам пред македонските граѓани дека ниту сум хранел, ниту сум школувал деца со арам пари.

Криминален е Хантер Бајден, не јас, истото сценарио против Трамп се случува и во Унгарија против Орбан и еве овде во Македонија. Одговорно тврдам дека ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија. Тие ни ја скроија оваа влада во 2016 година, сега пак сакаат да ни скројат влада по нивна мерка. Јас ги повикувам сите граѓани на Република Македонија без разлика на вероисповед, без разлика на нација да се обединиме и да покажеме дека не можете да си играте со еден вака мал народ. Ова е само поголем мотив за мене и тука нема да застанам!

Прво се надеваа дека нема да се кандидирам, па дека нема да ги соберам потписите, па денеска ја поднесов својата кандидатура и ова е само уште еден обид да се стопира моето учество на претседателските избори. Ако имаат било што ќе го објавеле многу порано, јас сум единствен кој се откажал од урбанизмот, а го зборуваат урбанизмот, јас сум кажал дека политичари не треба да потпишуваат јавни набавки, а тие тоа го зборуваат, ова е смешно. Јас сум убеден дека зад ова не стои целата американска политика.

Почитувани Македонци изберете ме за претседател да видите како ќе се постројат другиот ден да честитаат, истакна Јакимовски.

Целата прес-конференција погледнете ја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…