(Видео) Јакимовски: Покажавме дека можеме да организираме достоинствени избори како што доликува за 21 век

t

– Моите искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија, за денешниот изборен ден, ва беше навистина достоинствено цивилизирано завршено како што доликува на граѓани кои живеат во Европа и во 21 век. Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори, истакна претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција по завршувањето на изборниот ден.

– Во оваа изборна камапања немам никаква забелешка на однесувањето на моите противкандидати, освен тоа дека имавме само една дуел емисија и дека двајца кандидати беа исклучително финансиски фаворизирани што сметам дека на следните избори тоа треба да се корегира и да има рамноправна поделба на средствата.

Немањето на дуели ја направи оваа кампања неатрактивна, затоа нема излезеност ни 50%, а критики и за гласањето во дијаспората бидејќи се работи за работен ден и луѓето треба да работат, а работодавачите не им даваат слободен ден за да гласаат и тоа треба да се поправи до следните претседателски и парламентарни избори. – истакна Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…