(Видео) Јакимовски: Поради Министерството за транспорт жителите на Козле газат во кал!

t

Поради Министерството за транспорт жителите на Козле газат во кал, вели во објава на Фејсбук граодначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Во една од најубавите населби во Карпош – поставивме атмосферска канализација за првпат, затоа што ова беше единствената улица без неа. Тешкиот дел го завршивме, но реконструкцијата на улицата и асфалтот сè уште ги нема.

Зошто? Средствата за оваа улица се одамна одобрени од Светска банка, но повеќе од две години стојат закочени во Министерството за транспорт. Наместо граѓаните да добијат нова улица, гледаат кратери и кал.

А да знаевме дека вака ќе не блокираат – десет пати ќе ја имавме реконструирано со сопствени пари од општината.

Ова не е казна за мене, ова е казна за граѓаните на Козле и на целиот Карпош. А причината е само една – инат и политички игри на штета на народот.

Карпош не заслужува да чека на ничија „милост“. Карпош заслужува работа, резултати и чесно владеење. – вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Поради Министерството за транспорт жителите…

Поради Министерството за транспорт жителите на Козле…

Во голем пожар во Козле изгореа три…

Голем пожар доцна синоќа избувна во скопската…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…

Се урна фасада од зграда во населбата…

Од зграда на улицата Јуриј Гагарин во…