(Видео) Јакимовски: СДСМ станаа бугарофили откако замина Бранко – вмровска идеологија има единствено кај дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ
Во Тешки мубаети стана збор и за поранешното членство на Јакимовски во СДСМ и бугарофилското однесување на СДСМ денес. Митовски праша кога СДСМ стана бугарофилска партија, а Јакимовски одговори:
“Откако го нема Бранко станаа бугарофилска партија, за жал. За жал и него нигде го нема, не го слушаме. Кога некои членови на СДСМ ќе ми приговараат зошто сум ги напуштил, ги прашувам каде ви е Бранко? Јас сум бил пред времето, јас заминав па Бранко замина по мене. Еве новиот премиер прв работен ден отиде во Бугарија” – потенцира Јакимовски.
“Не знам дали СДСМ го промени својот идентитет или пак има поданички менталитет, некогаш служеле на Белград, сега на Западот, ислам дека си го бараат газдата.” – надополни Милошевски
На крај Јакимовски дополни дека кај СДСМ нема идеологија моментално, единствено кај дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ има се уште таква вмровска идеологија.