(Видео) Јакимовски: Сеопфатен инвестиционен од над 50 милијарди евра – Економски бум во Македонија!
– Овој пазар овде во Крива Паланка пред десетина години бил полн со граѓани и со продавачи и со купувачи. За разлика од тогаш сега гледаме дека пазарот е готово празен, а основната причина е што нема луѓе, нема народ, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски при денешната посета на Крива Паланка.
– Граѓаните се иселени како резултат на „добрите“ политики во изминатите 10-15 години.
Клучот на нашата заложба и на нашата битка е како да создадеме услови, нашите луѓе од Република Македонија, поготово младите и младите брачни парови да не се иселуваат. Се иселува дел од економски причини, но голем дел се иселуваат како резултат на тоа што нема систем во Република Македонија. Значи младите бараат да има систем, да функционира судско-обвинителскиот систем, да функционира државната администрација, да имаме функционален пазар на труд, да имаме функционална пазарна економија, да имаме развиени мали и средни претпријатија, но за сето тоа ни е потребно да имаме инвестиции.
Во Република Македонија се потребни инвестиции над 50 милијарди евра, инвестиции во инфраструктура, во железница, во сообраќај, во делот на индустријата, преработувачката индустрија, ни требаат инвестиции во делот на енергетиката, Вардарска долина да се направи (11 хидроцентрали на реката Вардар“, да се направи браната Чебрен-Галиште. Во исто време од Вруток па до излегувањето на Вардар од Република Македонија да се направат пречистителни станици, за Вардарска долина да функционира мораме да имаме пречистителни станици. Исто така мораме да направиме комплетни урбанистички планови за сите излетнички места и за Попова Шапка, и за Галичица, Галичица мора да се спои со Охридското Езеро, Пелистер, Кожуф, цела северна Грција може на Кожуф и да зимува и да летува, исто така и овде на Осоговските планини во близина на Крива Паланка.
Значи на Република Македонија ѝ е потребен еден сеопфатен инвестиционен план во којшто дел од работите ќе се дадат под концесија, пред сѐ тука мислам на железницата и на хидроцентралите, а сѐ останато, како резултат на енормните вложувања во делот на градежништвото, значи дека ќе се поткрене целата економија, ќе се зголеми бруто-општествениот производ, ќе имаме поголема можност за вработување, ќе се развијат уште останати 24 индустриски гранки, а тоа значи поголема можност за враќање на нашите млади овде во Република Македонија. И како резултат на тие големи јавни работи секако дека ќе се поттикне развој на малите и средните претпријатија коишто се основен двигател на развојот во една држава.
За жал, ние со ваков однос на администрацијата и енормни партиски вработувања во администрацијата, партиите практично го осакатија приватниот сектор, го оставија без работна сила, а особено без онаа креативна работна сила. – истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Унгарија најатрактвна земја од ЕУ за кинеските…
Кинеските инвестиции во Европа (27 членки на…