(Видео) Јакимовски со документи обвинува за изборна кражба – ова се деталите!
Ништо тајно на овој свет не останало и ништо тајно нема да остане вклучително и она што се случи со изборниот инжењеринг насочен против коалицијата „Храбро за Македонија“. За жал се случи еден инжењеринг во кој одредени структури овде во ДИК значи за жал вклучена е и ДИК каде што само од три места ни се скратени повеќе од 600-тини гласови и тие исти гласови се префрлени на други политички партии.
Ова само кажува колкава беше голема оваа кражба за време на овие избори и ова само покажува дека овој начин на крадење на гласови од помалите политички партии кои што немаат набљудувачи на гласачките места е правено и на претходните изборни циклуси и се додавани пратеници на други политички партии.
Што би рекол поранешниот министер за капитални инвестиции на Република Србија, Вељан Иљич. Да крадуцкате по мало да вас разумем али многу бре крадете. Е овде покажува како само од три места се украдени преку 600 гласови и тоа во изборна единица број 1, број 2 и во изборна единица број 5. За оваа нечесна работа која е направена ќе поднесеме тужба до управниот суди и ќе поднесеме кривична пријава против претседателот Даштевски како одговорно лице во ДИК кој што дозволил на ваков начин да се крадат од одредени политички партии гласови, а во исто време се префрлаат на други политички партии и со тоа практично е зголемуван нивниот квантум на гласови се со цел да се добијат повеќе пратеници, а пак политички партии кои пледираат да земат пратеник да им се оневозможи земање гласови на овој изборен циклус.
Нашите информации велат дека овој инжењеринг е правен и за време на претседателските избори и за време на парламентарните избори, а значи оваа нивна застарена навика и начин на крадење на гласови е правен и во претходните изборни циклуси што е голем срам за ДИК како едно тело кое го регулира изборниот циклус и е најзадолжено за фер и демократски избори. Ова мора да заврши со правна одговорност за сите оние кои што се вклучени.
Погледнете ја целата прес-конференција:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…